Резиме на наградата за најдобар млад преведувач вавилон 2020

Конкурсот за Наградата „Вавилон“ 2020 беше објавен на македонски, англиски и албански јазик во печатените и на електронските медиуми, а дополнителни промотивни материјали беа доставени до филолошките факултети на сите домашни државни и приватни универзитети, како и до ЕУ инфо точките во повеќе градови низ државата.

Покрај тоа, претставници на Организацискиот одбор, на Делегацијата и дел од минатонаградените млади преведувачи гостуваа и на националните телевизии  со цел информациите за конкурсот да стигнат до што поширока публика.

Во рамките на овој циклус се одржаа информативни сесии и преведувачки работилници во Скопје, Штип, Тетово, Куманово, Битола и Струга, на кои присутните имаа можност да преведуваат текстови од повеќе службени јазици на земји-членки на ЕУ на македонски и на албански јазик.

На конкурсот се пријавија 8 млади преведувачи на 4 изворни јазици: англиски,  италијански, германски и шпански и 2 целни јазика: македонски и албански.

По двојазичната и еднојазичната проверка ги добивме победниците.

Наградата  за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН 2020 за превод од гермнаски на македонски јазик ја освои Сашо Данилов, за превод на извадок од делото „Протокот на смртта“ од Ариане Грундис.

Наградата  за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН 2020 за превод од шпански на албански јазик ја освои Ардита Зулфиу, за превод на извадок од делото „Место за чекање“ на Сониа Ернандес.

Пофалници за второ место добија Благица Димитрова, за преводот на извадок од делото „Парајлија“ од Сали Руни, од англиски на македонски јазик, и Кристина Стаменкова за превод извадок од делото „Месечевата дама“ на Андреа де Карло, од италијански на македонски јазик

Наградите ги врачи новоназначениот амбасадор на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

Пофалниците ги врачи претседателката на Организацискиот одбор на наградата, Огнена Никуљски.