Резиме на осмиот циклус на „Вавилон“ 2020-2021

Конкурсот за осмиот циклус на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ беше објавен на 26 септември 2020 година.

И ова издание, како и сите досегашни, беше реализирано со здружени активности на ЗПРМ и Делегацијата на ЕУ во Скопје:

Делегацијата го објави огласот на три јазици (македонски, англиски, албански) во печатените медиуми и на своите електронски медиуми (интернет-страница и страница на Фејсбук) и изработи промотивни материјали како постер и леток.

ЗПРМ ги објави огласот и летокот на својата интернет-страница, страницата на Фејсбук „Babylon Award“ на којашто редовно се споделуваат корисни текстови од полето на книжевноста и книжевниот превод, како и на новоотворената интернет-страница https://babylon.mk/, на којашто може да се пребарува на три јазика, македонски, англиски и албански и каде што се достапни сите информации поврзани со наградата, настаните во рамките на наградата, архива на текстови и фотографии од минатите изданија, како и совети и корисни линкови.

Покрај официјалните страници на ЗПРМ, огласот беше објавен и на социјалните медиуми во групи коишто се занимаваат со книжевност и преведување, а беше испратено и известување по е-пошта до сите членови и преведувачи што се на списокот со контакти на ЗПРМ (над 1500).

Претставништвото на Делегацијата на ЕУ „Europe House“ и ЗПРМ ги подготвија и дистрибуираа промотивните материјали до сите филолошки факултети при сите државни и приватни универзитети во Македонија, како и до инфо-точките во градовите каде што ги има.

Во текот на осмиот циклус на конкурсот ЗПРМ одржа 5 информативни сесии и преведувачки работилници (за кои подготви текстови за превод на повеќе јазици што се говорат во ЕУ и во РСМ).

Тековно се одржуваа состаноци на ОО Вавилон за можни подобрувања на целиот процес, планирање и организирање на сите активности (со временскиот распоред за сите активности),  ревидирање и утврдување на критериумите за оценување на пријавените текстови, конципирање на конкурсот и наградата, изготвување текст за јавни објави.

– Првата информативна сесија и практична работилница за осмиот циклус на Вавилон беше одржана во Europe House на 8ми октомври 2020 година, а обезбеден беше и пренос во живо на Јутјуб. Настанот беше добро промовиран преку конвенционалните и социјалните медиуми. На новоотворената фејсбук страница „Babylon Award“ објавата стигна до 8.986 луѓе, а во следните неколку дена, деталното објаснување на инструкциите за пријавување стигна до 16.200 луѓе. На тој настан беа објаснети сите детали за натпреварот и заинтересираните имаа можност да постават прашања. Во првиот сегмент од настанот, претседателот на ОО на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ Никола Ѓелинчески ги запозна заинтересираните со критериумите за учество, процесот на оценување и придобивките од конкурсот и нагласи дека првата награда ќе се додели за секој од целните јазици што се говорат во Северна Македонија за превод што ги задоволува критериумите за наградување.

Во вториот сегмент, Љубица Арсовска, член на ОО Вавилон, даде осврт на најчестите грешки при преведувањето и совети како тие да се надминат, посочувајќи на конкретни примери во однос на регистарот и стилот на авторот, адаптирањето на фразите и идиомите, богатството на изразот, точноста на преводот и пренесувањето во духот на целиниот јазик. Сашо Данилов, добитникот на наградата „Вавилон“ 2020 за превод од германски на македонски и Благица Димитрова, добитник на пофалница за второ место од англиски на македонски јазик, го споделија своето искуство при изборот на соодветно дело и процесот на преведување.

По презентацијата, беше одржана работилница за книжевен превод.

На крајот од настанот потенцијалните кандидати имаа можност да постават прашања и беа упатени на вебстраницата „Babylon.mk“ за повеќе информации.

На 17ти ноември 2020, Румена Бужаровска беше промовирана како прва амбасадорка на наградата „Вавилон“. Бужаровска е писателка, професорка и преведувачка. Делата ѝ се објавени на просторите на поранешна Југославија, Унгарија, Италија и САД. Стипендистка е на Меѓународната книжевна програма на Универзитетот во Ајова, САД, и добитничка на наградата „Едо Будиша“ во Хрватска. Преведува од англиски на македонски и предава американска книжевност и преведување на Филолошкиот факултет во Скопје.

– На 25ти ноември 2020 беше одржана втората информативна сесија и практична работилница, за којашто пријавени беа 20 луѓе за 6 јазични комбинации. Информацијата за средбата беше споделена до повеќе медиуми, а на нашата фејсбук страница „Babylon Award“ објавата стигна до 9.843 луѓе.

Во согласност со пропишаните мерки во услови на пандемија средбата се одржа онлајн, а снимките беа споделени на фејсбук страницата „Babylon Award“ и на Јутјуб каналот на ЗПРМ. Покрај организацискиот одбор, на средбата учествуваа Румена Бужаровска, Елена Конеска, Јордана Шемко, Живко Грозданоски и Сања Фурнаџиска-Адамс како ментори за практичниот дел.

На почетокот на средбата, претседателот на ОО на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ Никола Ѓелинчески започна со презентација за историјатот на конкурсот и презентација за критериумите за учество, оценувањето и придобивките од конкурсот.

Потоа, беше претставена првата амбасадорка на наградата, Румена Бужаровска, која говореше за важноста и влијанието на конкурсот.

Во третиот сегмент од средбата, Живко Гроздановски во својата презентација ги упати потенцијалните кандидати на вебстраницата „Babylon.mk“ кадешто се споделени корисни линкови за наоѓање на соодветно дело и детално ги објасни можните начини на истражување или стапување во контакт со писател или издавач. Потоа, ги посочи COBISS и слични библиотечни платформи за пребарување книжевни изданија на веќе преведени дела и нагласи дека текстот треба да претставува предизвик за да биде добро оценет.

Следеше дискусија со менторите за корисни совети и за нивните искуства во преведувањето во однос на разликите и сличностите помеѓу изворниот и целниот јазик во структурата, лексиката и стилот.

Последниот сегмент беше практична работа во посебни соби според изворниот и целниот јазик.

На крајот од настанот потенцијалните кандидати имаа можност да постават прашања и беа упатени на вебстраницата „Babylon.mk“ за повеќе информации.

-На 10 декември 2020 се оддржа третата информативна сесија и практична работилница за којашто беа пријавени 24 луѓе за 5 јазични комбинации. И оваа средба се оддржа онлајн, а снимките беа споделени на фејсбук страницата „Babylon Award“ и на Јутјуб каналот на ЗПРМ. Објавата за средбата стигна до 6088 луѓе на социјалните медиуми. Покрај членовите на ОО Вавилон, како ментори учествуваа Румена Бужаровска, Ѓоко Здравески, Јордана Шемко, Живко Грозданоски и Надица Николоска.

На почетокот на средбата, претседателот на ОО на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ Никола Ѓелинчески започна со презентација за историјатот на конкурсот и презентација за критериумите за учество, оценувањето и придобивките од конкурсот.

Во вториот сегмент од средбата, Живко Гроздановски во својата презентација ги упати потенцијалните кандидати на вебстраницата „Babylon.mk“ каде што се споделени корисни линкови за наоѓање на соодветно дело и детално ги објасни можните начини на истражување или стапување во контакт со писател или издавач. Потоа, ги посочи COBISS и слични библиотечни платформи за пребарување книжевни изданија на веќе преведени дела и нагласи дека текстот треба да претставува предизвик за да биде добро оценет.

Следеше дискусија со менторите за корисни совети и за нивните искуства во преведувањето во однос на разликите и сличностите помеѓу изворниот и целниот јазик во структурата, лексиката и стилот.

Последниот сегмент беше практична работа во посебни соби според изворниот и целниот јазик.

На крајот од настанот потенцијалните кандидати имаа можност да постават прашања и беа упатени на вебстраницата „Babylon.mk“ за повеќе информации.

– На 26ти февруари 2021, се одржа четвртата информативна средба и практична работилница со 20 студенти од четврта година од Катедрата за преведување и толкување од насоката преведување на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Средбата беше организирана во соработка со професорите од Катедрата за преведување и толкување. Презентацијата се одржа онлајн и присуствуваа членовите на ОО за „Вавилон“ Огнена Никуљски и Љубица Арсовска, амбасадорката на наградата „Вавилон“ Румена Бужаровска која исто така ја одржа практичната работилница за книжевен превод и Живко Гроздановски, член на ЗПРМ и книжевен преведувач.

Огнена Никуљски ги запозна студентите со критериумите за учество, процесот на оценување и придобивките од конкурсот и нагласи дека првата награда ќе се додели за секој од целните јазици што се говорат во Северна Македонија за превод што ги задоволува критериумите за наградување.

Љубица Арсовска даде осврт на најчестите грешки при преведувањето и совети како тие да се надминат, посочувајќи на конкретни примери во однос на регистарот и стилот на авторот, адаптирањето на фразите и идиомите, богатството на изразот, точноста на преводот и пренесувањето во духот на целиниот јазик.

Живко Гроздановски во својата презентација ги упати потенцијалните кандидати на вебстраницата „Babylon.mk“ кадешто се споделени корисни линкови за наоѓање на соодветно дело и детално ги објасни можните начини на истражување или стапување во контакт со писател или издавач. Потоа, ги посочи COBISS и слични библиотечни платформи за пребарување книжевни изданија на веќе преведени дела и нагласи дека текстот треба да претставува предизвик за да биде добро оценет.

Во последниот сегмент од средбата, Румена Бужаровска одржа работилница за книжевен превод.

– На 1ви март 2021 се одржа петтата информативна средба и практична работилница којашто беше целосно фокусирана на потенцијални кандидати од средно образование. Беше испратен допис до директорите од сите поголеми приватни и средни гимназии во Северна Македонија, а потоа информацијата беше споделена со наставниците по странски јазици и учениците. Средбата се одржа онлајн и присуствуваа 30 ученици и 3 наставници од 10 училишта.  Покрај членовите на ОО за „Вавилон“, учествуваа Живко Грозданоски и менторите за три јазични комбинации Јордана Шемко, Румена Бужаровска, Елена Конеска.

На почетокот на средбата, претседателот на ОО на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ Никола Ѓелинчески започна со презентација за историјатот на конкурсот и презентација за критериумите за учество, оценувањето и придобивките од конкурсот.

Потоа, Живко Гроздановски во својата презентација ги упати потенцијалните кандидати на вебстраницата „Babylon.mk“ кадешто се споделени корисни линкови за наоѓање на соодветно дело и детално ги објасни можните начини на истражување или стапување во контакт со писател или издавач. Потоа, ги посочи COBISS и слични библиотечни платформи за пребарување книжевни изданија на веќе преведени дела и нагласи дека текстот треба да претставува предизвик за да биде добро оценет.

Следеше дискусија со менторите за корисни совети и за нивните искуства во преведувањето во однос на разликите и сличностите помеѓу изворниот и целниот јазик во структурата, лексиката и стилот.

Последниот сегмент беше практична работа во посебни соби според изворниот и целниот јазик.

На крајот од настанот потенцијалните кандидати имаа можност да постават прашања и за повеќе информации беа упатени на вебстраницата „Babylon.mk“, чијашто содржина тековно се збогатуваше од почетокот на ова издание.

Преводите се испраќаа под шифри, до ЕУ Инфо центарот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, и по проверката дали ги задоволуваат условите, под нови шифри беа доставени до првостепената и второстепената комисија на Вавилон.

Беше подготовен јавно достапен документ со одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со наградата.

Крајниот рок за пријавување беше 04 април 2021 година и вкупно беа испратени 13 апликации за ВАВИЛОН, и тоа: Германски – македонски 2 ; Француски – македонски          1; Англиски – македонски 7; Италијански – македонски 2; Хрватски – македонски               1.

ЗПРМ ги контактираше и ангажираше можните членови на првостепената и второстепената комисија, и ги одржа координативни средби со нив.

ЗПРМ изготви подробни упатства за работа и критериуми за оценување за двете комисии (комисија за двојазична проверка и комисија за еднојазична проверка). При двојазичната проверка, секој текст независно го прегледаа по двајца искусни книжевни преведувачи кои работат во соодветните јазични парови. Потоа текстовите ги разгледуваше еднојазичната комисија. Секој од членовите на комисиите работеше независно, според упатствата изготвени од ЗПРМ, а организацискиот одбор потоа ги сумираше резултатите и извлече средна оценка за секој текст посебно.

Конечните резултати беа утврдени во август 2021, а наградите беа доделени на 27 септември 2021, и истовремено беше објавен конкурсот за наредната година.

Добитник на наградата беше Маја Тодоровска за превод на извадок од делото „Суровиот одговор“ од Дирдре Саливан од англиски на македонски јазик.

Доделени беа и две пофалници на Вера Спасиќ и Емилија Петрова за превод на извадоци од делата „Вистинската жена“ од Орла МекAлинден и „Грутка во грлото“ од Диран Ни Гриофа од англиски на македонски јазик.

Наградата за овогодинешната добитничка се состои од тридневно студиско патување на голем саем за книги во земја на ЕУ. Сета работа околу организирањето на нивното патување ја спроведува ЗПРМ.

ЗПРМ ја зачлени наградената и го покри трошокот за нејзино членство.

Наградениот превод се објави во „Културен живот“ 3-4 2021.

Се одржа состанок на ОО Вавилон за осмислување и спроведување на конкурсот за деветтото издание на Наградата Вавилон 2021/2022: анализа на извештајот за циклусот 2020/2021 и можни подобрувања на целиот процес, планирање и организирање на сите активности со временскиот распоред за сите активности,  ревидирање и утврдување на критериумите за оценување на пријавените текстови, конципирање на конкурсот и наградата, изготвување текст за јавни објави (од септември 2021 до ноември 2022).

Наградата е промовирана дома и во странство, преку односи со јавност, учество на меѓународни конференции на членови на ЗПРМ и сл.

Содржините на интернет-страницата https://babylon.mk/ посветена на наградата Вавилон тековно се одржуваат и се обновуваат, достапни се сите информации поврзани со наградата, победниците на посебните изданија, поддржувачите и спонзорите на наградата, настаните во рамките на наградата, претставувањата на наградата во земјата, регионот и во странство, поддржани во фотографии и видео-материјали.