Резиме за десеттиот циклус „Вавилон“ 2022-2023

Објавување и првични активности поврзани со конкурсот за наградата “Вавилон“

Конкурсот за деветтиот циклус на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ беше објавен на 26 септември, 2022 година.

И ова издание, како и сите досегашни, беше реализирано со здружени активности на ЗПРМ и Делегацијата на ЕУ во Скопје: Делегацијата го објави огласот на три јазици (македонски, англиски, албански) во печатените медиуми и на своите електронски медиуми (интернет-страница и страница на Фејсбук) и изработи промотивни материјали како постер и леток.

ЗПРМ ги објави огласот и летокот на својата интернет-страница, страницата на Фејсбук „Babylon Award“ на којашто редовно се споделуваат корисни текстови од полето на книжевноста и книжевниот превод, како и на новоотворената интернет-страница https://babylon.mk/, на којашто може да се пребарува на три јазика, македонски, англиски и албански и каде што седостапни сите информации поврзани со наградата, настаните во рамките на наградата, архива на текстови и фотографии од минатите изданија, како и совети и корисни линкови.

Покрај официјалните страници на ЗПРМ, огласот беше објавен и на социјалните медиуми во групи коишто се занимаваат со книжевност и преведување, а беше испратено и известување по е-пошта до сите членови и преведувачи што се на списокот со контакти на ЗПРМ (над 1500).

Претставништвото на Делегацијата на ЕУ „Europe House“ и ЗПРМ ги подготвија и дистрибуираа промотивните материјали до сите филолошки факултети при сите државни и приватни универзитети во Македонија, како и до инфо-точките во градовите каде што ги има.

Тековно се одржуваа состаноци на ОО Вавилон за можни подобрувања на целиот процес, планирање и организирање на сите активности (со временскиот распоред за сите активности),  ревидирање и утврдување на критериумите за оценување на пријавените текстови, конципирање на конкурсот и наградата, изготвување текст за јавни објави.

Информативни сесии, избор на амбасадор и практични работилници

 

Во текот на десеттиот циклус на конкурсот ЗПРМ одржа 3 информативни сесии и преведувачки работилници (за кои подготви текстови за превод на повеќе јазици што се говорат во ЕУ и во РСМ).

На 13-ти октомври 2022, Владимир Јанковски беше промовиран како амбасадор на наградата „Вавилон“.

– Владимир Јанковски е роден 1977 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во неколку издавачки куќи.

Има објавено шест книги: Скриени желби, немирни патувања (роман, 2020), Невидливи љубови (роман, 2015), Вечно сегашно време (роман, 2010), Лицата на невидливиот град (фото-есеи, заедно со Иван Блажев, 2010), Скопје со широко отворени очи (фото-есеј, заедно со Иван Блажев, 2008) и Огледало за загатката; разговори за Влада Урошевиќ (2008).

За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а беше македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија во 2022 година. За „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“.

Активно се занимава со книжевен превод. Објавил повеќе од 30 преводи на македонски јазик. На македонски јазик превел книги од Дубравка Угрешиќ, Миљенко Јерговиќ, Маргарет Етвуд, Филип К. Дик, Милош Црњански, Јанис Јоневс, Слободан Шнајдер, Дамир Каракаш, Мухарем Баздуљ, Горан Трибусон, Роберт Перишиќ, Светлана Слапшак, Чарлс Буковски и други. За преводот на новелата „Пенелопеја“ од Маргарет Етвуд, во 2013 година ја добил наградата „Златно перо“ на Здружението на литературни преведувачи на Македонија.

Во текот на овој циклус беа објавени бројни интервјуа со амбасадорот и добитниците од 9-то издание.

– Првата информативна сесија и практична работилница за десеттиот циклус на Вавилон беше одржана во Europe House на 13ти октомври 2022 година, а обезбеден беше и пренос во живо на Јутјуб. Настанот беше добро промовиран преку конвенционалните и социјалните медиуми. На новоотворената фејсбук страница „Babylon Award“ објавата стигна до над 10.000 луѓе, а во следните неколку дена, деталното објаснување на инструкциите за пријавување стигна до 20.000 луѓе. На тој настан беа објаснети сите детали за натпреварот и заинтересираните имаа можност да постават прашања.

Во првиот сегмент од настанот, претседателот на ОО на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ Никола Ѓелинчески ги запозна заинтересираните со критериумите за учество, процесот на оценување и придобивките од конкурсот и нагласи дека првата награда ќе се додели за секој од целните јазици што се говорат во Северна Македонија за превод што ги задоволува критериумите за наградување.

Во вториот сегмент, Маја Тодоровска, добитникот на наградата „Вавилон“ 2021 за превод од англиски на македонски го сподели своето искуство при изборот на соодветно дело и процесот на преведување.

Амбасадорот на Вавилон, Владимир Јанковски им се обрати на учесниците за исклучителната улога на наградата за зголемување на видливоста на улогата на преведувачите, професионалната поддршка за младите преведувачи и валоризацијата на трудот на младите преведувачи. При тоа, им укажа дека со тимот на Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ) ќе понудат дополнителни обуки, работилници и консултации за младите преведувачи, а на крајот сето тоа ќе се заокружи со доделувањето на наградата „Вавилон“

По презентацијата, беше одржана работилница за книжевен превод. На крајот од настанот потенцијалните кандидати имаа можност да постават прашања и беа упатени на вебстраницата „Babylon.mk“ за повеќе информации.

– На 23-ти ноември 2022 беше одржана втората информативна сесија и практична работилница, наменета за студентите на  Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а која се одржа во просториите на УГД. На средбата учествуваа членовите на ОО Вавилон Огнена Никуљски и Љубица Арсовска, потоа амбасадорот Владимир Јанковски и Маријана Ѓорѓиева и  Ирина Талевска како ментори за практичниот дел.

На почетокот на средбата, членот на ОО на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ Огнена Никуљска започна со презентација за историјатот на конкурсот и презентација за критериумите за учество, оценувањето и придобивките од конкурсот.

Во вториот сегмент од средбата, , Љубица Арсовска, член на ОО Вавилон, даде осврт на најчестите грешки при преведувањето и совети како тие да се надминат, посочувајќи на конкретни примери во однос на регистарот и стилот на авторот, адаптирањето на фразите и идиомите, богатството на изразот, точноста на преводот и пренесувањето во духот на целиниот јазик.

Следеше дискусија со менторите за корисни совети и за нивните искуства во преведувањето во однос на разликите и сличностите помеѓу изворниот и целниот јазик во структурата, лексиката и стилот.

Последниот сегмент беше практична работа во посебни соби според изворниот и целниот јазик.  На крајот од настанот потенцијалните кандидати имаа можност да постават прашања и беа упатени на вебстраницата „Babylon.mk“ за повеќе информации.

– На 20 декември 2022, се одржа третата онлајн информативна средба и практична работилница.

Никола Ѓелинчески ги запозна студентите со критериумите за учество, процесот на оценување и придобивките од конкурсот и нагласи дека првата награда ќе се додели за секој од целните јазици што се говорат во Северна Македонија за превод што ги задоволува критериумите за наградување.

Менторите дадоа осврт на најчестите грешки при преведувањето и совети како тие да се надминат, посочувајќи на конкретни примери во однос на регистарот и стилот на авторот, адаптирањето на фразите и идиомите, богатството на изразот, точноста на преводот и пренесувањето во духот на целиниот јазик.

Живко Гроздановски во својата презентација ги упати потенцијалните кандидати на вебстраницата „Babylon.mk“ кадешто се споделени корисни линкови за наоѓање на соодветно дело и детално ги објасни можните начини на истражување или стапување во контакт со писател или издавач. Потоа, ги посочи COBISS и слични библиотечни платформи за пребарување книжевни изданија на веќе преведени дела и нагласи дека текстот треба да претставува предизвик за да биде добро оценет.

Како ментори учествуваа Никола Ѓелинчески, Владимир Јанковски, Елена Конеска Светиева и Живко Гроздановски.

На крајот од настанот потенцијалните кандидати имаа можност да постават прашања и за повеќе информации беа упатени на вебстраницата „Babylon.mk“, чијашто содржина тековно се збогатуваше од почетокот на ова издание.

Прием на апликации и жирирање

Преводите се испраќаа под шифри, до ЕУ Инфо центарот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, и по проверката дали ги задоволуваат условите, под нови шифри беа доставени до првостепената и второстепената комисија на Вавилон. Беше подготовен јавно достапен документ со одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со наградата.

Крајниот рок за пријавување беше 3 април 2023 година и вкупно беа испратени 4 апликации за ВАВИЛОН, и тоа: 4 преводи на текстови од англиски на македонски.

ЗПРМ ги контактираше и ангажираше можните членови на првостепената и второстепената комисија, и ги одржа координативни средби со нив. ЗПРМ изготви подробни упатства за работа и критериуми за оценување за двете комисии (комисија за двојазична проверка и комисија за еднојазична проверка). При двојазичната проверка, секој текст независно го прегледаа по двајца искусни книжевни преведувачи кои работат во соодветните јазични парови. Потоа текстовите ги разгледуваше еднојазичната комисија. Секој од членовите на комисиите работеше независно, според упатствата изготвени од ЗПРМ, а организацискиот одбор потоа ги сумираше резултатите и извлече средна оценка за секој текст посебно.

Доделување на наградата за најдобар млад преведувач “Вавилон“ за 2023

Конечните резултати беа утврдени во август 2023, а наградите беа доделени на 9 октомври 2023 во холот на НУБ „СВ. Климент Охридски“ во присуство на амбасадорот амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ и повеќе амбасадори на земјите членки на ЕУ.

Добитник на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ за 2023 беше Благоја Јовановски за превод од англиски на македонски на извадок од делото „Волшебникот “ од Колм Тојбин.

Амбасадорот Гир му ја додели наградата на добитникот, а при тоа ја повтори поддршката на Делегацијата на ЕУ за продолжување на организацијата и доделувањето на наградата „Вавилон“ и во иднина и најави освежување и измени во форматот на наградата.

Наградата за овогодинешниот добитник се состои од парична награда во вредност од 500 евра и годишно членство во ЗПРМ.Во меѓувреме, ЗПРМ го зачлени наградениот Благоја Јовановски и го покри трошокот за неговото членство. Наградениот превод се објави во „Културен живот“.

Останати активности поврзани со наградата „Вавилон“

Оваа година се продолжи со активностите на читателскиот клуб во рамки на „Вавилон“ кој се оддржува во просториите на “Europe House” и го води проф. Владимир Мартиновски, поет, раскажувач, есеист, теоретичар, преведувач и претходен Амбасадор на „Вавилон“ наградата за Млад книжевен преведувач. На тие средби учесниците имаат можност да  ги дискутираат темите што се обработени во одбраните дела. Во овој циклус се оддржаа четири такви средби:

  • 22 ноември , 2022 средба со писателката Симона Јовановска „Денот на црвот” , Или-Или, 2021.
  • 21 февруари, 2023 г, Гостин на вечерта беше проф. Јасминка Делова-Силјанова, преведувачка од чешки јазик и главна уредничка на издавачката куќа „Славика либрис“. Темата за разговор беа најновите преводи од чешката проза на македонски јазик. Се зборуваше за книгите „Ќе се разбудам на Шибуја“ од Ана Цима (превод: Донка Роус), „Останете со нас“ од Марек Шинделка (превод: Даниела Роус-Мишевска и Донка Роус), „Мапата на Ана“ од Марек Шинделка (превод: Јасминка Делова-Силјанова), „Мона“ од Бјанка Белова (превод: Даниела Роус-Мишевска и Донка Роус), „Нулорог“ од Петр Станчик (превод: Донка Роус), „Нештата за кои дојде време“ од Петра Соукупова (превод: Јасминка Делова-Силјанова) и „Едрилица на етикети“ од Јиржи Хајичек (Донка Роус и Даниела Роус-Мишевска).
  • 18 март, 2023. Средба во рамките на месецот на франкофонијата, а тема ќе биде францускиот роман „Бусола“ од Матијас Енар, добитник на наградата „Гонкур“ за 2015 година. Македонскиот превод е на Владо Ефтимов, а изданието е на „Антолог“ (2018).
  • 24 април, 2023. Книжевен клуб со писателот, преведувач и академик Влада Урошевиќ.

Оваа година, исто така беа организирани и две средби и преведувачки работилници во рамките на активностите на ЗПРМ и наградата „Вавилон“ кои се оддржаа во просториите на “Europe House”.

Во рамки на проектот „Вавилон“, на 29 номеври, 2022 се организира разговоро со Вил Фирт, книжевен преведувач од македонски, српски, хрватски, германски и руски јазик . Тој беше на преведувачка резиденција во Скопје во рамки на проектот „Превод во движење“, финансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Во текот на својот престој тој работеше на преводот на романот „Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски. Со Вил Фирт разговараше амбасадорот на наградата „Вавилон“, Владимир Јанковски, а во текот на настанот активно се вклучија и присутните учесници кои разговаар за предизвиците  во преводот на македонската книжвеност на англиски јазик. Исто така,  обезбеден беше и пренос во живо на ФБ страницата на “„Вавилон“.

На 17.12.2022 се одржа првиот дел од работилницата по превод спроведена со апсолвенти и поранешни студенти по шпански под менторство на д-р Сања Михајловиќ-Костадиновска.

Проектот се организираше на иницијатива на Здружението на преведувачи и толкувачи на СРМ, а во соработка со Групата за шпански јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и со поддршка на Амбасадата на Шпанија.

Работилницата се состоеше во превод на извадок од романот „Што е важно што те сакам“ на авторката со уметничко име Карла де Ла Ла (Карла Мерино), и на оваа онлајн средба студентите имаа прилика да разговараат со неа подетално за романот и за проблемите при преводот.

На 4 мај, 2023 се одржа и средба во живо со Карла Мерино во просториите на Europe House. Присуствуваа претставници од Амбасадата на Шпанија, евроамбасадорот Дејвид Гир, поранешни студенти на Групата за шпански јазик, преведувачи и љубители на шпанскиот јазик. На настанот беше овозможен и симултан превод, во кој покрај професионалните толкувачи, можност да толкува му беше дадена и на еден од учесниците во работилницата, Никола Спасовски, поранешен студент, меѓу другото добитник на наградата „Вавилон“  за превод од шпански јазик и во моментов соработник на Катедрата за романски јазици.

Разговорот со писателката Карла Мерино беше многу пријатен, публиката активно учествуваше со поставување прашања, а од оваа работилница која етапно се спроведуваше во текот на повеќе месеци може да се заклучи дека со многу волја и трпение студентите може да се поттикнат да учествуваат во вакви работилници, преку кои може да увидат дека преводот е сложен процес, кој бара истражување, добро познавање на јазиците, но несомнено е процес кој нуди многу задоволство, отвара нов поглед на светот и ги поврзува културите.

Конечно, се одржа состанок на ОО Вавилон за осмислување и спроведување на конкурсот за единаесетото издание на Наградата Вавилон 2023/2024: анализа на извештајот за циклусот 2022/2023 и можни подобрувања на целиот процес, планирање и организирање на сите активности со временскиот распоред за сите активности,  ревидирање и утврдување на критериумите за оценување на пријавените текстови, конципирање на конкурсот и наградата и други поврзани  активности.

Наградата е промовирана дома и во странство, преку односи со јавност, учество на меѓународни конференции на членови на ЗПРМ и сл.

Содржините на интернет-страницата https://babylon.mk/ посветена на наградата Вавилон тековно се одржуваат и се обновуваат, достапни се сите информации поврзани со наградата, победниците на посебните изданија, поддржувачите и спонзорите на наградата, настаните во рамките на наградата, претставувањата на наградата во земјата, регионот и во странство, поддржани во фотографии и видео-материјали.

ДОКАЗИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ВО РАМКИТЕ НА ДЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР МЛАД ПРЕВЕДУВАЧ „ВАВИЛОН“

  1. Наменска Веб страница за Наградата https://babylon.mk/
  2. Фејсбук страница за Наградата https://www.facebook.com/BabylonAwardCompetition/
  3. Содржини за Вавилон објавени на страницата на Здружението на преведувачи и толкувачи https://mata.mk/portfolio/
  4. Медиумски објави за амбасадорот Владимир Јанковски

https://euhouse.mk/mk/%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%80-%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82-%D0%B7%D0%B0/

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=542090301252453&set=pb.100063544630205.-2207520000&type=3

5. Објави за доделувањето на наградата на 9 октомври 2023 година на која првата награда ја додели Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир

https://www.facebook.com/events/2057652274580838

https://umno.mk/vracuvanje-na-jubilejnsta-10-ta-vavi/

https://nezavisen.mk/blagoja-jovanovski-godinashen-dobitnik-na-nagradata-vavilon-na-eu/

https://www.facebook.com/BabylonAwardCompetition/posts/pfbid02nHy9faiq5FjmRUHeGVYAVs4mNqQwvjUWXTWM8v7G4MurL2qij8SanFUshKwRieBtl

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02qtZSpgGNFyFLUVhcEn6jyykumRTNXCf4roVg4h6VcMvTSwfypsBzFduiKC25ut8El&id=100064632704170

 https://360stepeni.mk/blagoja-jovanovski-e-dobitnik-na-nagradata-vavilon-za-najdobar-mlad-preveduvach-na-delegatsijata-na-eu/

7.Разговор на ТВ Канал 5 со Благоја Јовановски , победникот на конкурсот Вавилон 2023, (Десетто издание)

https://kanal5.com.mk/blagoja-jovanovski-godinashen-dobitnik-na-nagradata-vavilon/a605073

 

Информативни сесии, избор на амбасадор и практични работлиници

  • Првата информативна средба за Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“, 13.10.2023.

https://www.facebook.com/events/591176132806410

 https://www.euhouse.mk/mk/events/%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B2%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%BD/

  • Онлајн информативна средба за Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“12.2023.

https://www.facebook.com/events/710468917253906/?ref=newsfeed

 

Активности поврзани со  наградата ВАВИЛОН

  • Средба со преведувачот Вил Фирт,

https://www.facebook.com/events/1588222638281262?acontext=%7B%22event_action_history%22%3A[%7B%22mechanism%22%3A%22surface%22%2C%22surface%22%3A%22groups_highlight_units%22%7D]%2C%22ref_notif_type%22%3Anull%7D

https://umno.mk/vavilon-razgovori-so-vil-firt/

https://www.facebook.com/BabylonAwardCompetition/videos/721174788893952

  • Разговор со Карла Мерино

Книжевен клуб:

https://umno.mk/knizheven-klub-vo-europe-house-skopje/

Книжевен клуб со Влада Урошевиќ во Europe House Скопје