На 25ти ноември 2020 беше одржана втората информативна сесија и практична работилница, за којашто пријавени беа 20 луѓе за 6 јазични комбинации. Во согласност со пропишаните мерки во услови на пандемија средбата се одржа онлајн. Покрај организацискиот одбор, на средбата учествуваа Румена Бужаровска, Елена Конеска, Јордана Шемко, Живко Грозданоски и Сања Фурнаџиска-Адамс како ментори за практичниот дел.
На средбата беше претставен краток историјат на конкурсот и презентација за критериумите за учество, оценувањето и придобивките од конкурсот. Живко Гроздановски посочи во својата презентација корисни линкови и начин на кои може да се најде соодветно дело. Следеше дискусија со менторите за корисни совети и за нивните искуства во преведувањето во однос на разликите и сличностите помеѓу изворниот и целниот јазик во структурата, лексиката и стилот. Последниот сегмент беше практична работа во посебни соби според изворниот и целниот јазик.