Конкурсот за деветтиот циклус на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ беше објавен на 26 септември 2021 година.
И ова издание, како и сите досегашни, беше реализирано со здружени активности на ЗПРМ и Делегацијата на ЕУ во Скопје:
Делегацијата го објави огласот на три јазици (македонски, англиски, албански) во печатените медиуми и на своите електронски медиуми (интернет-страница и страница на Фејсбук) и изработи промотивни материјали како постер и леток.
ЗПРМ ги објави огласот и летокот на својата интернет-страница, страницата на Фејсбук „Babylon Award“ на којашто редовно се споделуваат корисни текстови од полето на книжевноста и книжевниот превод, како и на новоотворената интернет-страница https://babylon.mk/, на којашто може да се пребарува на три јазика, македонски, англиски и албански и каде што седостапни сите информации поврзани со наградата, настаните во рамките на наградата, архива на текстови и фотографии од минатите изданија, како и совети и корисни линкови.
Покрај официјалните страници на ЗПРМ, огласот беше објавен и на социјалните медиуми во групи коишто се занимаваат со книжевност и преведување, а беше испратено и известување по е-пошта до сите членови и преведувачи што се на списокот со контакти на ЗПРМ (над 1500).
Претставништвото на Делегацијата на ЕУ „Europe House“ и ЗПРМ ги подготвија и дистрибуираа промотивните материјали до сите филолошки факултети при сите државни и приватни универзитети во Македонија, како и до инфо-точките во градовите каде што ги има.
Тековно се одржуваа состаноци на ОО Вавилон за можни подобрувања на целиот процес, планирање и организирање на сите активности (со временскиот распоред за сите активности), ревидирање и утврдување на критериумите за оценување на пријавените текстови, конципирање на конкурсот и наградата, изготвување текст за јавни објави.
Во текот на деветтиот циклус на конкурсот ЗПРМ одржа 5 информативни сесии и преведувачки работилници (за кои подготви текстови за превод на повеќе јазици што се говорат во ЕУ и во РСМ).
– Првата информативна сесија и практична работилница за деветтиот циклус на Вавилон беше одржана во Europe House на 18ти октомври 2021 година, а обезбеден беше и пренос во живо на Јутјуб. Настанот беше добро промовиран преку конвенционалните и социјалните медиуми. На новоотворената фејсбук страница „Babylon Award“ објавата стигна до над 10.000 луѓе, а во следните неколку дена, деталното објаснување на инструкциите за пријавување стигна до 20.000 луѓе. На тој настан беа објаснети сите детали за натпреварот и заинтересираните имаа можност да постават прашања. Во првиот сегмент од настанот, претседателот на ОО на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ Никола Ѓелинчески ги запозна заинтересираните со критериумите за учество, процесот на оценување и придобивките од конкурсот и нагласи дека првата награда ќе се додели за секој од целните јазици што се говорат во Северна Македонија за превод што ги задоволува критериумите за наградување.
Во вториот сегмент, Љубица Арсовска, член на ОО Вавилон, даде осврт на најчестите грешки при преведувањето и совети како тие да се надминат, посочувајќи на конкретни примери во однос на регистарот и стилот на авторот, адаптирањето на фразите и идиомите, богатството на изразот, точноста на преводот и пренесувањето во духот на целиниот јазик. Маја Тодоровска, добитникот на наградата „Вавилон“ 2021 за превод од англиски на македонски го сподели своето искуство при изборот на соодветно дело и процесот на преведување.
По презентацијата, беше одржана работилница за книжевен превод.
На крајот од настанот потенцијалните кандидати имаа можност да постават прашања и беа упатени на вебстраницата „Babylon.mk“ за повеќе информации.
На 18ти октомври 2021, Владимир Мартиновски беше промовиран како амбасадор на наградата „Вавилон“.
– Владимир Мартиновски e поет, раскажувач, есеист, теоретичар и книжевен преведувач. Работи како редовен професор по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Докторирал на Универзитетот Париз III – Нова Сорбона. Член е на Македонскиот ПЕН и на ДПМ. Член е на извршниот одбор на Меѓународната асоцијација за семиотика.
Автор е на повеќе книжевно-теориски студии меѓу кои: Зоон поетикон – аспекти на современата македонска поезија (2013), Narro ergo sum (2015), Поетски (ре)визии (2018) и Далеку, а блиску – македонско-јапонски книжевни врски (2020).
Автор е на бројни поетски збирки и збирки со раскази меѓу кои: Пред и по танцот (2012), Вистинска вода (2014), Внатрешни планини (2016) и Сонувани и будни песни / Dream and Awake Poems (2017) и 101 сонет од една чудна пролет (2020), Зоостории (2019), како и на три стихозбирки за деца: Dum spiro spero / Дур дишам се надевам (2019), Шах со Бах (2020) и Хор во задниот двор (2021).
Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици. Приредувач е на седум антологии. Член е на редакциите на списанијата „Културен живот”, „Блесок” и „Книжевни елементи”.
Во неговата преведувачка библиографија се вбројуваат книги на Анри Мишо, Жорж Батај, Силвен Тесон, Максанс Фермин, Иван Херцег и Дејан Алексиќ.
Добитник е на неколку книжевни награди: „Нова Македонија“ (2009), „Браќа Миладиновци“ на СВП (2010), „Димитар Митрев“ (2013), „Витез на македонскиот пишан збор“ (2014), „Антеов златник” (2020), „Лирата на Орфеј” (2020).
Во текот на овој циклус беа објавени бројни интервјуа со амбасадорот и добитниците од 8то издание.
– На 25ти ноември 2021 беше одржана втората информативна сесија и практична работилница.
Во согласност со пропишаните мерки во услови на пандемија средбата се одржа онлајн, а снимките беа споделени на фејсбук страницата „Babylon Award“ и на Јутјуб каналот на ЗПРМ. На средбата учествуваа Владимир Мартиновски, Љубица Арсовска, Живко Гроздановски како ментори за практичниот дел.
На почетокот на средбата, претседателот на ОО на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ Никола Ѓелинчески започна со презентација за историјатот на конкурсот и презентација за критериумите за учество, оценувањето и придобивките од конкурсот.
Во вториот сегмент од средбата, Живко Гроздановски во својата презентација ги упати потенцијалните кандидати на вебстраницата „Babylon.mk“ кадешто се споделени корисни линкови за наоѓање на соодветно дело и детално ги објасни можните начини на истражување или стапување во контакт со писател или издавач. Потоа, ги посочи COBISS и слични библиотечни платформи за пребарување книжевни изданија на веќе преведени дела и нагласи дека текстот треба да претставува предизвик за да биде добро оценет.
Следеше дискусија со менторите за корисни совети и за нивните искуства во преведувањето во однос на разликите и сличностите помеѓу изворниот и целниот јазик во структурата, лексиката и стилот.
Последниот сегмент беше практична работа во посебни соби според изворниот и целниот јазик.
На крајот од настанот потенцијалните кандидати имаа можност да постават прашања и беа упатени на вебстраницата „Babylon.mk“ за повеќе информации.
-На 28 декември 2021 се оддржа третата информативна сесија и практична работилница за којашто беа пријавени кандидати за 5 јазични комбинации. И оваа средба се оддржа онлајн, а снимките беа споделени на фејсбук страницата „Babylon Award“ и на Јутјуб каналот на ЗПРМ. Како ментори учествуваа Никола Ѓелинчески, Огнена Никуљски, Владимир Мартиновски, Елена Конеска Светиева и Живко Гроздановски.
На почетокот на средбата, претседателот на ОО на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ Никола Ѓелинчески започна со презентација за историјатот на конкурсот и презентација за критериумите за учество, оценувањето и придобивките од конкурсот.
Во вториот сегмент од средбата, Живко Гроздановски во својата презентација ги упати потенцијалните кандидати на вебстраницата „Babylon.mk“ каде што се споделени корисни линкови за наоѓање на соодветно дело и детално ги објасни можните начини на истражување или стапување во контакт со писател или издавач. Потоа, ги посочи COBISS и слични библиотечни платформи за пребарување книжевни изданија на веќе преведени дела и нагласи дека текстот треба да претставува предизвик за да биде добро оценет.
Следеше дискусија со менторите за корисни совети и за нивните искуства во преведувањето во однос на разликите и сличностите помеѓу изворниот и целниот јазик во структурата, лексиката и стилот.
Последниот сегмент беше практична работа во посебни соби според изворниот и целниот јазик.
На крајот од настанот потенцијалните кандидати имаа можност да постават прашања и беа упатени на вебстраницата „Babylon.mk“ за повеќе информации.
– На 8ми февруари 2022, се одржа четвртата онлајн информативна средба и практична работилница.
Никола Ѓелинчески ги запозна студентите со критериумите за учество, процесот на оценување и придобивките од конкурсот и нагласи дека првата награда ќе се додели за секој од целните јазици што се говорат во Северна Македонија за превод што ги задоволува критериумите за наградување.
Менторите дадоа осврт на најчестите грешки при преведувањето и совети како тие да се надминат, посочувајќи на конкретни примери во однос на регистарот и стилот на авторот, адаптирањето на фразите и идиомите, богатството на изразот, точноста на преводот и пренесувањето во духот на целиниот јазик.
Живко Гроздановски во својата презентација ги упати потенцијалните кандидати на вебстраницата „Babylon.mk“ кадешто се споделени корисни линкови за наоѓање на соодветно дело и детално ги објасни можните начини на истражување или стапување во контакт со писател или издавач. Потоа, ги посочи COBISS и слични библиотечни платформи за пребарување книжевни изданија на веќе преведени дела и нагласи дека текстот треба да претставува предизвик за да биде добро оценет.
Како ментори учествуваа Никола Ѓелинчески, Огнена Никуљски, Владимир Мартиновски, Елена Конеска Светиева и Живко Гроздановски.
– На 23ти февруари 2022 се одржа петтата информативна средба и практична работилница којашто беше целосно фокусирана на потенцијални кандидати од средно образование. Беше испратен допис до директорите од сите поголеми приватни и средни гимназии во Северна Македонија, а потоа информацијата беше споделена со наставниците по странски јазици и учениците. Средбата се одржа онлајн и присуствуваа ученици и наставници од 10 училишта. Покрај членовите на ОО за „Вавилон“, учествуваа Живко Грозданоски, Владимир Мартиновски, Огнена Никуљски, Елена Конеска Светиева.
На почетокот на средбата, претседателот на ОО на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ Никола Ѓелинчески започна со презентација за историјатот на конкурсот и презентација за критериумите за учество, оценувањето и придобивките од конкурсот.
Потоа, Живко Гроздановски во својата презентација ги упати потенцијалните кандидати на вебстраницата „Babylon.mk“ кадешто се споделени корисни линкови за наоѓање на соодветно дело и детално ги објасни можните начини на истражување или стапување во контакт со писател или издавач. Потоа, ги посочи COBISS и слични библиотечни платформи за пребарување книжевни изданија на веќе преведени дела и нагласи дека текстот треба да претставува предизвик за да биде добро оценет.
Следеше дискусија со менторите за корисни совети и за нивните искуства во преведувањето во однос на разликите и сличностите помеѓу изворниот и целниот јазик во структурата, лексиката и стилот.
Последниот сегмент беше практична работа во посебни соби според изворниот и целниот јазик.
На крајот од настанот потенцијалните кандидати имаа можност да постават прашања и за повеќе информации беа упатени на вебстраницата „Babylon.mk“, чијашто содржина тековно се збогатуваше од почетокот на ова издание.
Преводите се испраќаа под шифри, до ЕУ Инфо центарот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, и по проверката дали ги задоволуваат условите, под нови шифри беа доставени до првостепената и второстепената комисија на Вавилон.
Беше подготовен јавно достапен документ со одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со наградата.
Крајниот рок за пријавување беше 04 април 2022 година и вкупно беа испратени 12 апликации за ВАВИЛОН, и тоа: англиски – македонски; италијански – македонски; француски – македонски; бугарски – македонски 2; англиски – албански 1.
ЗПРМ ги контактираше и ангажираше можните членови на првостепената и второстепената комисија, и ги одржа координативни средби со нив.
ЗПРМ изготви подробни упатства за работа и критериуми за оценување за двете комисии (комисија за двојазична проверка и комисија за еднојазична проверка). При двојазичната проверка, секој текст независно го прегледаа по двајца искусни книжевни преведувачи кои работат во соодветните јазични парови. Потоа текстовите ги разгледуваше еднојазичната комисија. Секој од членовите на комисиите работеше независно, според упатствата изготвени од ЗПРМ, а организацискиот одбор потоа ги сумираше резултатите и извлече средна оценка за секој текст посебно.
Конечните резултати беа утврдени во август 2022, а наградите беа доделени на 26 септември 2022, и истовремено беше објавен конкурсот за наредната година.
Добитник на наградата Вавилон беше Марија Николовска за превод од француски на македонски на делото „Жена на небото и бурите“ од Вилфрид Н’Сонде.
Доделени беа и:
Прва пофалница на Цветанка Стоилова за превод од италијански на македонски на делото „Потопениот пресеп“ („Водата од езерото не е никогаш слатка“) од Џулија Каминито
Втора пофалница на Маја Тодоровска за превод од англиски на македонски на делото „Местото помеѓу“ од Килан Рајан
Наградата за овогодинешната добитничка се состои од парична награда во вредност од 500 евра. Сета работа околу организирањето на нивното патување ја спроведува ЗПРМ.
ЗПРМ ја зачлени наградената и го покри трошокот за нејзино членство.
Наградениот превод се објави во „Културен живот“.
Се одржа состанок на ОО Вавилон за осмислување и спроведување на конкурсот за десеттото издание на Наградата Вавилон 2022/2023: анализа на извештајот за циклусот 2021/2022 и можни подобрувања на целиот процес, планирање и организирање на сите активности со временскиот распоред за сите активности, ревидирање и утврдување на критериумите за оценување на пријавените текстови, конципирање на конкурсот и наградата, изготвување текст за јавни објави (од септември 2022 до ноември 2023).
Наградата е промовирана дома и во странство, преку односи со јавност, учество на меѓународни конференции на членови на ЗПРМ и сл.
Содржините на интернет-страницата https://babylon.mk/ посветена на наградата Вавилон тековно се одржуваат и се обновуваат, достапни се сите информации поврзани со наградата, победниците на посебните изданија, поддржувачите и спонзорите на наградата, настаните во рамките на наградата, претставувањата на наградата во земјата, регионот и во странство, поддржани во фотографии и видео-материјали.
Оваа година беше формиран и читателски клуб во рамки на „Вавилон“ кој се оддржува во просториите на “Europe House” и го води Владимир Мартиновски. На тие средби учесниците имаат можност да ги дискутираат темите што се обработени во одбраните дела. Досега се оддржани три такви средби, а најавени се и уште неколку во иднина.
27 јули (среда) „Бизарни раскази” од Олга Токарчук (превод: Лидија Танушевска, издавач: Антолог, 2022, стр. 220)
17 август (среда) „Нешто ќе се случи, ќе видиш” од Христос Иконому (превод: Петар Андоновски, издавач Или-или, 2021, стр.197)
14 септември (среда) „Италијански приказни” од Итало Калвино (превод: Радица Никодиновска, Издавач: Три, 2022, стр. 948)