Кафе со преведувачот со Румена Бужаровска

Второто „Кафе со преведувачот“ се одржа со првата амбасадорка на „Вавилон“, Румена Бужаровска, на 21.1.2021. Со неа разговаравме за квалитетот и важноста на книжевните преводи, за „Вавилон“, за читателската публика, студентите, потребата од критика, годишните конкурси за култура од Министерството за култура, преводот на нејзините збирки, нејзините преводи, соработката со домашни и странски лектори и уредници.