ВАВИЛОН – ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА И ПРАКТИЧНА РАБОТИЛНИЦА

 

На 25. ноември и на 10. декември, во 18:00 часот, ќе се оддржат онлајн информативни средби и практични работилници за Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“. На овие работилници ќе можете да се информирате за главните критериуми за учество, процесот на оценување, придобивките од учествувањето и освојувањето на наградата, а потоа ќе слушнете искуства и корисни совети од искусни книжевни преведувачи на што треба да внимавате при преведувањето.

Исто така детално ќе ви биде објаснето како да изберете дело што ги исполнува критериумите за конкурсот.
По презентацијата и дискусијата, ќе можете да преведувате текст на јазикот што ќе го изберете во координација со искусен преведувач за тој јазик. За таа цел ве молиме пријавете се на следната врска https://docs.google.com/…/1FAIpQLSfWFu5pqsnjF3…/viewform и изберете термин кој ви одговара и јазик од кој би сакале да преведувате на работилницата.
За присуство на работилницата на 25. ноември можете да се приклучите на следната врска https://us02web.zoom.us/j/81986346840, а за таа на 10. декември на следната врска
https://us02web.zoom.us/j/82962563484.
Повеќе информации за Наградата и за Конкурсот има на https://babylon.mk/.
Во тек е осмиот циклус на Наградата „Вавилон“ која се доделува уште од 2014 година. Целта на наградата е да се поттикнат младите преведувачи да преведуваат од повеќе јазици и да се вклучат преведувачи од повеќе националности за да се збогати културната ризница преку книжевниот превод. Преведувачите, не постари од 26 години, ќе имаат можност да  преведуваат извадок од дело од еден од 24-те официјални јазици на ЕУ на еден од јазиците што се зборуваат во Република Северна Македонија.

 

Линк кон Facebook настан- https://www.facebook.com/events/2691328617848877/