Кафе со преведувачот со Огнена Никуљски

Од годинава ЗПРМ започна нова низа настани насловени „Кафе со преведувачот“. Разговорите ќе се одвиваат помеѓу искусни преведувачи од разни јазични комбинации. Целта на овие настани е да се развие свеста за важноста на книжевниот превод и да се споделат лични искуства при преведувањето, во доста неформален формат, отворен за јавноста.  

Првото „Кафе со преведувачот“ се одржа со Огнена Никуљски на 14.09.2020 г. На оваа средба разговаравме за латиноамериканската книжевност, за справувањето со долги реченици, соодветното пренесување на имињата, пресодзавањето кованици, потрагата по сленг, следењето на формалното обраќање, соработката со лекторите и уредниците, преводот на измислени и реални ликови во нарацијата.