Напишаа за Вавилон

Првата награда му беше доделена на Сашо Данилов, за неговиот превод на делото „Телефонската говорница на другата страна од мостот” од Аријане Грундис, од германски на македонски јазик и на Ардита Зулфиу за нејзиниот превод на делото „Место на чекање” од Соња Хернандез, од шпански на албански јазик. Наградите за второ место беа доделени на Благица Димитрова, за преводот на „Господин Плата” од Сали Руни, од англиски на македонски јазик, и на Кристина Стаменкова за нејзиниот превод на „Месечевата дама” на Андреа де Карло, од италијански на македонски јазик.

Линк: https://kanal5.com.mk/dodelena-nagradata-vavilon-za-najdobar-mlad-preveduvach/a440726

Делегацијата на Европската Унија и Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ) по седми пат ја доделија наградата за најдобар млад преведувач „ВАВИЛОН“ по повод Европскиот ден на јазиците.

Линк: https://mia.mk/dodelena-nagradata-vavilon-za-na-dobar-mlad-preveduvach/

Делегацијата на Европската Унија и Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ) по седми пат ја доделија наградата за најдобар млад преведувач „ВАВИЛОН“ по повод Европскиот ден на јазиците.

Линк: https://opserver.mk/kultura/dodelena-nagradata-vavilon-za-najdobar-mlad-preveduvach/

Наградата „ВАВИЛОН”, иницирана од Делегацијата на Европската Унија во 2013 година, настојува да се промовираат младите преведувачи, како и да се поттикне извонредност во преводот на книжевни дела. Конкурсот е отворен за млади преведувачи до 26-годишна возраст, кои може да се пријават на конкурсот со превод на книжевни дела од некој од 24 службени јазици на Европската Унија на некој од јазиците што се зборуваат во земјата.

Линк: https://standard.mk/makedonija/poznati-dobitnitsite-na-nagradata-vavilon-za-najdobar-mlad-preveduvach/

Делегацијата на Европската Унија и Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ) по седми пат ја доделија наградата за најдобар млад преведувач „ВАВИЛОН“ по повод Европскиот ден на јазиците.

Линк: https://frontline.mk/2020/09/26/dodelena-nagradata-vavilon-za-na-dobar-mlad-preveduvach/

Преводите што се пријавуваат на конкурсот ги разгледуваат две комисии. Првата е двојазична која го споредува преводот со оригиналниот текст. Се разгледува лексиката, синтаксата, вокабуларот и другите јазични и граматички категории. Се гледа креативноста, доследноста и верноста кон оригиналниот текст. Се оценува и владеењето на јазикот на кој се преведува. Сите овие елементи се важни, но најважна е креативноста и познавањето на обата јазика.

Линк: https://opserver.mk/makedonija/vavilon-gi-afirmira-mladite-knizhevni-preveduvachi/

Целта на Конкурсот за најдобар млад преведувач е да ги поттикне и да ги поддржи младите преведувачи, како и да поттикне врвен квалитет при преведувањето литературни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во земјава.

Линк: http://bibliotekastrumica.org.mk/notices/%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BA%D1%83%D1%80%D1%81-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D1%80-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87-%D0%B2/

„На овој ден ја славиме различноста на јазиците и говориме за нивното изучување. Јазиците се во срцето на европскиот проект. Тие се одраз на нашите различни култури. Колку повеќе јазици знаеме, толку полесно можеме да ги научиме другите култури. Во Европската Унија има 24 официјални и работни јазици, а во иднина ќе бидат уште повеќе. Затоа ние сме посветени на изучувањето јазици и на тоа да покажеме дека јазичната разноликост може да успее. Изучувањето јазици е клучно за јакнењето на инклузивноста и дијалогот, на заемното разбирање и почитување“, истакна евроамбасадорот Жбогар, додавајќи дека овие цели се главниот мотив за наградата „Вавилон“.

Линк: https://sitel.com.mk/sara-ilievska-i-ardita-zulfiu-pobednci-na-chetvrtiot-konkurs-za-nagrada-za-mlad-preveduvach

Целите на наградата за најдобар млад преведувач основана од Делегацијата на ЕУ [и Здружението на преведувачи и толкувачи] во 2013 година се промоција на младите преведувачи, како и поттикнување квалитет во преведувањето книжевни дела.

Линк: https://a1on.mk/archives/953175

Целта на конкурсот е да ги поттикне и да ги поддржи младите преведувачи, како и да поттикне врвен квалитет при преведувањето литературни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во земјава.

Линк: https://www.radiomof.mk/konkurs-za-najdobar-mlad-preveduvach-vavilon-2017/

Конкурсот е отворен за млади преведувачи, не постари од 26 години, а пријавените текстови мора да бидат преводи на (извадоци од) литературни дела: роман, новела, расказ, или документарна проза, од кој било од 24-те службени јазици на Европската Унија на кој било јазик што се зборува во земјава.

Линк: http://www.fakulteti.mk/news/16-11-14/konkurs_za_najdobar_mlad_preveduvach_vavilon_2017.aspx

Овогодишната церемонија за доделување награди е дел од настанот организиран заедно со ЕУНИК Скопје, каде што учесниците ќе имаат можност да учествуваат на јазични работилници, како и да ги посетат штандовите со изложени преведени книги од различни европски јазици и книги преведени на локалните јазици во рамки на програмата „Креативна Европа“.

Линк: https://www.mkd.mk/kultura/knizhevnost/nagradata-za-najdobar-mlad-preveduvach-vavilon-2017-kje-bide-dodelena-na

Наградата „Вавилон“ прв пат е доделена на 26 септември, европскиот ден на јазиците, во 2014 година. Проектот заеднички го спроведуваат Здружението на преведувачи и толкувачи и Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија. Во оваа пригода разговаравме со добитниците на првата награда минатата година, Ардита Зулфиу и Никола Спасовски. Тие наградата ја добија за превод од шпански на албански односно од шпански на македонски јазик.

Линк: https://www.vecer.press/%D0%BD%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%BD-%D0%BD%D0%B8-%D0%B3%D0%B8-%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D1%80/?fbclid=IwAR2evE8rgikBEYtKjOTaz4wZKCuWD8feUHOqzCpRK6H8ohhulWjOzCUnF0w