Критериуми за учество
Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ со задоволство го објавува 11-то издание на Конкурсот за најдобар млад преведувач, од оваа 2024 година насловен „Вавилон ЗПРМ“. Целта на Конкурсот за најдобар млад преведувач е да ги поттикне и да ги поддржи младите љубители на книжевноста заинтересирани за превод, како и да придонесе за врвен квалитет при преведувањето литературни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во земјава.
Критериуми за учество:
Пријавените текстови мора да бидат преводи на извадоци од литературни дела: роман, новела, расказ, или документарна проза.
Пријавените текстови мора да бидат превод од некој европски јазик на кој било јазик што се зборува во земјава.
Пријавените текстови мора да бидат преводи од оригинални литературни дела објавени во која било од европските држави во последниве 5 години што не биле во целост или делумно преведени на јазикот на преводот што се поднесува на Конкурсот до крајниот рок за прием на пријавите.
Пријавените текстови мора да бидат личен труд на преведувачот и не смее, во целост или делумно, да биле веќе објавени или прифатени за објавување, дури ни на Интернет или самостојно објавени, ниту, пак, пренесени на радио или на телевизија. Не смее ниту да биле пријавени на друг конкурс. Пријавените текстови може да бидат заеднички труд на двајца или повеќе преведувачи.
На Конкурсот може да се пријават сите лица не постари од 26 години, значи средношколци, студенти или веќе дипломирани од кој било факултет, односно не само од филолошките факултети.
Пријавените текстови мора да се испратат со шифра, која ја составил кандидатот и која се состои од пет знаци, а секој текст мора да оди со посебна пријава. Секоја пријава мора да содржи: а) соодветно пополнета пријава, б) примерок од изворниот текст, в) примерок од преведениот текст и г) потпишана изјава дека пријавениот текст е превод на изворниот текст од оригиналниот јазик.
На изворниот текст мора да стојат насловот и името на авторот, со нумерирани страници. На него не смее да стои ништо што би укажало на идентитетот на преведувачот.
Преводот треба да биде со фонтот Times New Roman, со големина на буквите 12, и со двоен проред. Преводот треба да биде долг од 3,000 – 5,000 зборови. Преводот мора да биде со нумерирани страници, да има наслов и на него не смее да стои ништо што би укажало на идентитетот на преведувачот.
Преводите од различни јазици или различни жанрови се сметаат за посебни текстови. Еден кандидат може да испрати најмногу три текста, но секој со посебна шифра и посебна документација.
Кандидатите не се ограничуваат во однос на нивната националност, место на живеење или работна состојба. Организаторите, жиријата и нивните роднини немаат право на учество.
Одлуката на жирито е конечна. Кандидатите може да добијат повратна информација за забелешките на двете жирија за пријавените текстови по доделување на наградите.
Пријавувањето на конкурсот значи прифаќање на сите услови.
Образецот за пријавата ќе го најдете на https://babylon.mk/obrazecz-za-prijavuvane/
Наградата е една, односно ја добива преводот со најмногу севкупни поени и се состои од: парична награда во износ од 62.000 денари, годишно членство во Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ и објавување на преводот, во целост или делумно, во списанието „Културен живот“.
Ќе има посебни жирија за секој од јазиците на кои ќе пристигнат пријави. Процесот на оценување вклучува две фази: во првата фаза, пријавите се оценуваат од двојазично жири, по што пријавите кои биле оценети со претходно утврден минимум на бодови, се оценуваат од еднојазично жири. Бодовите се сумираат од резултатите од двете жирија. Секое жири ќе се состои од искусни преведувачи на соодветните јазици, истакнати членови од академската заедница, и/или писатели.
Жирито го задржува правото да не додели награда.
Информативни сесии и практични работилници за потенцијалните учесници и млади преведувачи ќе се одржат oлајн на датуми што ќе бидат објавени на ФБ.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи во ноември 2024, во пресрет на месецот на основањето на Здружението на преведувачи и толкувачи на РСМ.
КРАЕН РОК ЗА ПРИЕМ НА ПРИЈАВИТЕ: 30 јули 2024 година
Повеќе информации може да најдете на:
За евентуални дополнителни информации пишете ни на:
babylonaward2024@gmail.com
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија