Во согласност со Решението за избор за проект од национален интерес во културата за 2024 година, како и врз основа на Договорт за учество во финансирање проект од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност а 2024 г, бр. 24-2420/1 од 28.02.2024 г, се спроведе Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон ЗПРМ“ за 2024 г. од страна на Здружението на преведувачи и толкувачи на СР Македонија (ЗПРМ).
Ова издание беше реализирано од страна на ЗПРМ и Организацискиот одбор на „Вавилон ЗПРМ кој дејствува во рамките на ЗПРМ. По потпишувањето на Договорот, се направија подготовките за организирање на проектот „Вавилон ЗПРМ“, се изготви план за промотивни активности, организирање и објава на Конкурсто за Наградата за најдобар млад преведувач “Вавилон ЗПРМ“ за 2024 г., како и се изготвија промотивни материјали. Тековно се одржуваа состаноци на ОО Вавилон за можни подобрувања на целиот процес, планирање и организирање на сите активности (со временскиот распоред за сите активности), ревидирање и утврдување на критериумите за оценување на пријавените текстови, конципирање на конкурсот и наградата, изготвување текст за јавни објави. Конкурсот за Наградата беше објавен на 16 март, 2024 година, а рокот за поднесување пријави од заинтересираните кандидати беше 30 јули, 2024 г.
ЗПРМ ги објави огласот и летокот на својата интернет-страница, страницата на Фејсбук „Babylon Award“ на којашто редовно се споделуваат корисни текстови од полето на книжевноста и книжевниот превод, како и на интернет-страницата https://babylon.mk/, на којашто може да се пребарува на три јазика, македонски, англиски и албански и каде што седостапни сите информации поврзани со наградата, настаните во рамките на наградата, архива на текстови и фотографии од минатите изданија, како и совети и корисни линкови. Покрај официјалните страници на ЗПРМ, огласот беше објавен и на социјалните медиуми во групи коишто се занимаваат со книжевност и преведување, а беше испратено и известување по е-пошта до сите членови и преведувачи што се на списокот со контакти на ЗПРМ (над 1500).
За цел запознавање на кандидатите со критериумите за учество на Конкурсот Вавилон ЗПРМ, се организираа 5 информативни средби и работилници (29.03, 5.04,12.04, 15.06 и 25.06) кои беа организирани во просториите на ЗПРМ, но и онлајн на платформата ЗУМ за да се допре до повеќе млади преведувачи низ државата. Овие средби и работилници ги подготвија и организираа членовите на Организацискиот одбор Милан Дамјаноски, Љубица Арсовска и Огнена Никуљска, а за кои подготвија текстови за превод на повеќе јазици што се говорат во Европа и во РСМ.
После завршување на рокот и приемот на преводите од кандидадите, се изврши проверка дали се соодветни на критериумите за Наградата и конкурсот. Беа добиени преводи на текстови од два европски јазика: англиски и италијански јазик. Потоа, се организираше процесот на оценување на преводите, кој се состоеше од избор на членовите на првостепената комисија кои имаа задача до 30 септември да извршат оценка на соодветноста на преводот на оригиналното дело, како и да ги бодуваат преводите. По завршувањето на нивната работа, се формираше второстепена комисија која го оценуваше текстот на самиот превод на македонски јазик, како и ги бодуваше според критериумите на Наградата, за тоа имаа рок до 15 ноември.. Вкупно беа избрани и ангажирани 8 членови на комисиите, кои спроведоа 19 читања, за што беа соодветно надоместени од буџетот на Проектот.
На крајот од процесот, беа собрани бодовите од двете комисии и беа рангирани преводите на делови од книжевни дела според освоените бодиви. Најмногу бодови собра, а со тоа воедно беше прогласен за победнички превод преводот од англиски на македонски на „Нашите сопруги под морето“ од Џулија Армфилд, а добитници на Наградата „Вавилон ЗПРМ“ за 2024 г се прогласени Тијана Алваџиоска и Иван Доневски. Наградата „Вавилон ЗПРМ“ вклучува парична награда од 60.000 денари (поделена меѓу двата добитника), објавување на дел од наградениот превод во списанието „Културен живот“, и едногодишно членство во ЗПРМ.
На 30 ноември, 2024 г, во свечената сала на Друштвото на писателите се одржи свеченото доделување на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон ЗПРМ“ за 2024 година, организирана од Здружението на преведувачите и толкувачите на РС Македонија. Пред присутните се обратија претседателката на ЗПРМ, Лукреција Маљковиќ Атанасовска и претседателот на Организацискиот одбор на „Вавилон ЗПРМ“, Милан Дамјаноски, по што на добитниците беше доделена Наградата „Вавилон ЗПРМ“ за најдобар млад преведувач за 2024 г. На крајот, се одржа свечен коктел и прием за добитниците и учесниците на Проектот, како и за присутната публика.
На крајот од циклусот на Проектот, се изврши исплата на Наградата на Добитниците, се намирија и и исплатија сите буџетски трошоци (кетеринг, хонорари, трошоци за организација на работилниците и информативните средби, надомест за користење на просторијата на ДПМ).
Конечно. Управниот одбор на ЗПРМ и Организацискиот одбор на „Вавилон ЗПРМ“ веднаш започнаа со планирањето и подготовките за следниот циклус на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон ЗПРМ“ за 2025 г.